НЕ ИМ ОДЕЛО: Се омажила за дух, па се развеле (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Аманда Спаров Парџ (46) од Ирска привлече големо внимание во јавноста кон почетокот на годинава, кога законски се венчала со 300 години стар дух – пират од Хаити. Ги венчал шаман на брод во меѓуародните води, недалеку од ирскиот брег.

Loading...

Како што рекла тогаш, и здосадиле реалните мажи. Се вљубила во духот на пират од Хаити кој живеел во 18. век. Аманда тврди дека нивната врска траела две години пред да одлучат да ја крунисаат со брак. Наместо Џек, судбоносното „да“ го изговорил личниот гатач на Аманда. Бидејќи младоженецот не можел физички да биде присутен, невестата неговиот венчален прстен го ставила на црвена сеќа.

– Мојот сопруг е мојата сродна душа. Многу сум среќна, за мене ова е совршена врска, изјавила таа.

Брачната среќа не била со долг век. Аманда набргу сфатила дека нивниот однос не функционира.

– Почувствував дека е момент на сите да им кажам дека мојот брак заврши. Кога за тоа ќе дојде време, ќе отктијам за се што се случуваше. Сега само сакам да ги предупредам луѓето да бидат многу внимтелни кога ќе се плеткаат во светот на духовите. Тоа е нешто со што не треба да се играте, рекла таа.

Аманда, инаку е мајка на три деца, станала голем обожавател на филмот „Пирати од Карибите“. Платила 6.000 фунти за промена на презимето во „Sparrow“.

Освен промената на името, направила исти тетоважи, вградила златни заби, за да што повеќе наликува на ликот кој за потребите на филмот го играше Џони Деп. По темелната трансформација, едно време повремено работела како имитатор на главната ѕвезда на филмот, пиратот Џек Спароу.

Духот го запознала во 2014 година, кога тој одеднаш се појавил покрај неа додека лежела во креветот. Аманда тврдела дека изгледал како лик од филмот и додала дека има темна боја на кожата и црна коса.

Loading...

– Му објаснив дека баш и не сум тип за секс без обврски со дух и дека сакам нашиот однос да стане сериозна врска. Сакав голема, традиционална венчавка, бела венчаница. Тоа ми беше важно, раскажала таа.

Пред венчавката, Аманда одлучила да сподели со јавноста повеќе детали за брачниот живот со духот, па на социјалните мрежи објавила дека таа и нејзиниот сопруг излегуваат заедно, понекогаш се караат, а појаснила и како функционира сексуалниот живот со дух.

– Смислата на спиритуалниот секс е да се почувствува енергијата. Нема никакви врски со мастурбирањето. Затоа, иако можете да ги испробате сите пози, мисонерската поза веројатно е најдобра за почетниците, затоа што најлесно ќа ја почувствувате тежината па потоа ќе експериментирате понатаму. Интензивно ќе почуствувате се што ви прави духот, а и тој ќе почувствува што вие му правите, објаснила во видео клипот кој го објавила на социјалните мрежи.

Додала дека сексот со духови не е ништо чудно и невообичаено. Тврди дека многу нејзини пријатели уживаат во секс со дух.

Советите на Аманда за секс со духови предизвикаа поприлично интензивни реакции. Но, Аманд анегативните коментари ги споредила со хомофобија.

– Да се вратиме 20 години наназад. Ако сте биле геј, останатите би ве малтретирале. Особено во Ирска, ако сте деклариран хомосексуалец, во сабота навечер ќе сте добиеле ќотек. Постои назив за луѓето кои се сексаат со духови, тоа се нарекув аспектрофилија и тоа на некој начин е вид на сексуална ориентација. Спетрофилиј апостои илјадници години, само за тоа никој не зборува рекла таа.

Меѓутоа изгледа дека на Аманда издосадила спектрофилијата. Во октомври се преселила во Белфас и објавила дека е асексуална.

– Отсекогаш, од најраниот период, знаев дека сум поинаква, заклучила таа.

Loading...

Leave a Reply