НБА официјално го објави форматот за новата сезона

Сподели со своите пријатели

НБА на својата официјална веб-страница ја објави структурата за сезоната 2020/21, која ќе вклучува плеј-ин турнир за да се одредат тимови кои ќе ги заземат седмото и осмото место во плеј-офот на секоја конференција.

Loading...

Претсезонските натпревари треба да започнат на 11 декември, регуларната сезона со 72 натпревари на 22 декември. Секој тим ќе одигра три натпревари против секој противник во рамките на конференцијата, додека против секој противник тимот ќе игра или два домашни натпревари и еден на гости, или еден домашен и два гостински натпревари.

Паузата за Ол Стар е закажана за 5-10 март 2021 година, помеѓу првиот и вториот дел од регуларниот дел од сезоната.

На крајот на регуларниот дел од сезоната, ќе има плеј-ин турнир.

Формат на НБА за сезона 2020/21:

11-19 декември: претсезонски натпревари
22 декември – 4 март: прва половина од регуларниот дел од сезоната
5-10 март: Пауза за Ол-стар натпревар
11 март – 16 мај: Втора половина на регуларниот дел од сезоната
18-21 мај: плеј-ин турнир
22 мај – 22 јули: плеј-оф.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply