Навреме отворени избирачките места во Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

Навреме се отворени 37-те избирачки места во општина Старо Нагоричане, информираат од Општинската изборна комисија.

Гласањето се одвива непречно, информира претседателот на ОИК Драган Јовановски. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 граѓани.

И во општина Липково, информираше претседателот на ОИК Лирим Шабани, гласањето се одвива без какви било проблеми. Триесет и шесте гласачки места навреме се отворени. Во општина Липково право на глас имаат 25.070 гласачи

Извор: МИА

Loading...