Навреме отворени избирачките места во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Гласањето во општините Куманово и Старо Нагоричане денеска започна точно во 7 часот, без проблеми и изјаснувањето по однос на референдумот се одвива без никакви проблеми.

Како што информираше претседателот на Општинската изборна комисија во Куманово, Ѕвонимир Николовски навмрено се отворени сите 167 избирачки места во општината.

Во Куманово денеска право на глас имаат вкупно 92.691 граѓанин, додека во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.367 граѓани. Како што информираше Драган Јовановски, претседател на тамошната изборна комисија гласањето е започнато во 7 часот на сите 38 избирачки места.

Нашата екипа го посети избирачкото место 1043 во ООУ „Крсте Мисирков“. Мирен референдумски ден очекува претседателката на избирачкото место, Јасмина Зисовска.

  • Избирачкото место е отворено точно во 7 часот и сега засега изборниот процес се одвива во најдобар ред, изјави Зисовска.

Во Општина Липково денеска можат да се изјаснат 25.232 жители, кои гласаат на 36 избирачки места. Иако се обидовме, не успеавме да стапиме во контакт со тамошниот претседател на ОИК, ниту со заменикот и засега немаме информација за текот на гласањето во оваа општина.

Leave a Reply