Навивачи на Црвена Ѕвезда од Куманово ги нападнале навивачите на Динамо

Сподели со своите пријатели

Навивачите на Црвена Ѕвезда од Куманово ги нападнале и претепале навивачите од Динамо Загреб во Скопје, собрани во навивачката група „Бед блу бојс“, пишува српскиот портал Курир.

До пресметката дошло при крајот на првиот натпревар од второто коло на квалификациите за Лига на шампиони помеѓу домаќинот Вардар и хрватскиот тим, кога хрватите славеа со резултат 2:1.

Според информациите на медиумите, околу педесетина „Делии“ ги нападнале навивачите на Динамо додека во центарот на Скопје седеле во кафулињата. Тепачката траела неколку минути, се додека не се појавила полицијата и не ги заштитила навивачите на Динамо, кои биле во исто број како и кумановци.

Но, пресметката продолжила при враќањето на хрватските навивачи од Скопје, некаде околу три часот во близина на Ниш, кога за сега непознати навивачи го каменувале автобусот.

 

Loading...