Наутро магла, а попладне сонце и температури до 16 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а низ котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе дува слаб, а повремено и умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени целзиусови.

Што се однесува до околината на Куманово во утринските часови може да очекуваме појава на магла, а аво попладневните сончево до умерено облачно време со температура до 10 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе се спушти и до -1. Утринава минималната измерена температурна вредност во Куманово според УХМР изнесуваше 0 степени.

И натаму ќе продолжи период на стабилно и релативно топло време, што ќе условува постепено топење на снежната покривка на планините, стои во извештајот ан УХМР.

До утре дневните температури ќе бидат во благо опаѓање, а потоа во почетокот на следната температура ќе бидат во покачување. Условите за појава на магла по котлините ќе се намалат.