НАУКАТА ДОКАЖА: Мозокот може да се обучи да сака здрава храна

Сподели со своите пријатели

Истражувањето спроведено во Америка покажа дека мозокот може да се обучи да претпочита здрава храна, повеќе од оние со високо ниво на калории. Ова е можно со примена на диета што нема да ве остави гладни.

Loading...

 

 

Научниците од Универзитетот Тафтс велат дека тоа е можно дури и кога зависноста од нездрава храна е длабоко вкоренета.

Во студијата учествувале 13 лица со прекумерна тежина, од кои осум учествувале во специјална програма за слабеење. Тие го проучувале делот од мозокот кој е поврзан со награда и зависност.

Кај луѓето во специјалната програма, истражувањето се засновало на промена на преференциите на храната, пропишување диета заснована на висок внес на влакна и протеини и низок внес на јаглени хидрати. Оваа диета не им дозволила на учесниците да бидат гладни затоа што тогаш се јавува желба за нездрава храна.

 

Loading...

 

Студијата траела 6 месеци и мозокот на сите бил скениран на почетокот и на крајот на овој период. Кога на учесниците им биле прикажани фотографии од различна храна, нискокалоричната храна предизвикала поголема реакција. Уживањето во здравата храна исто така се покажало дека се зголемува.

Потребно е дополнително истражување, со повеќе учесници и кое ќе вклучува повеќе делови од мозокот, истакнуваат научниците.

Leave a Reply