Научниците загрижени за студениот бран кој ја погоди Европа

Сподели со своите пријатели

И додека Европа е окована од ледениот бран кој го доби името „Ѕверот од истокот“, научниците велат дека температурите на Северниот пол пораснале и за 30 степени, што е повеќе од зимскиот просек за оваа подрачје.

Не само што регионот близу Северниот пол моментално минува низ најтоплиот вефруари во изминатите 50 години, туку и метеоролошките станици бележат високи температури за овој период од годината веќе девет дена последователно.

На 25. февруари температурите биле над точката на замрзнување непрекидно во текот на 24. часа, што е, како што велат, скоро незамисливо за февруари затоа што во тоа време нема сончева светлина која допира до оваа подрачје.

Научниците истакнуваат дека ова и претходно се случувало, но никогаш не било почесто и поинтензивно како во последните четири години. Прчината за ледениот бран е навлегување на топол воздух кој носи голема влажност во воздухот.

Промената на климат ана Северниот пол предизвикала поместување на студениот арктички воздух кон Европа, а тоа лесно би можело да биде и човечки фактор, односно се почеста последица на нагли климатски промени.

Метеоролошката станица Кејп Морис Џесуп на крајниот север на Гренланд бележи рекордни 61 час температура над просекот за оваа географско подрачје само од почетокот на 2018. година, а кое се пворзува со топењето во зимскиот мрак на Арктикот.

– Никогаш не било толку екстремно, вели Рут Мотрам, научник од данскиот Метеоролошки институт.

– Главното прашање е дали овие појави ќе се случуваат почесто. Ова е само еден настан, па е тешко да се направи врска со иднината, вели професорот Ларс Лакешк.

Сепак, резултатите од неодамнешните студии покажуваат дека струењето на топлиот воздух ја зголемува зачестеноста на Северниот пол, а редукцијата на мразот на Арткичкиот океан дозволува на топлата вода да испарува во атмосферата, што предизвикува мешање на струјата и поместување на студениот бран кон југ.

Метеорологот Роберт Рохд истакнува дека одредени делови на Северниот пол моментално се потопли од Европа.

Leave a Reply