НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Луѓето што секогаш доцнат живеат подолго!

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои постојано доцнат се често оптимистични и нереални, а таков начин на размислување влијае на нивната перцепција на времето. Тие тоа не го прават намерно, туку искрено веруваат дека ќе успеат да завршат се што испланирале и дека ќе стигнат каде што треба навреме. Но, тој план некако секогаш им останува нереализиран и така постојано си доцнат, објаснува Диана де Леонзор во својата книга „Never be late again“.

Авторката на оваа книга тврди дека таквите луѓе често во својата меморија имаат длабоко врежано сеќавање кое може да биде старо и до десет години, кога навистина успеале да ги завршат сите обврски и да се појават на време на договореното место.

Богатите живеат 15 години повеќе од сиромашните

Loading...

Професорот по психологија Џеф Конте од Универзитетот во Сан Диего направил истражување на таа тема и испитувал два типа на личности – тип А (нестрпливи и склони на натпреварување) и тип Б (креативни и опуштено). Поединците склони на доцнење ги сместил во тип Б.

Задачата била испитаниците од двете групи да се обидат да погодат колку време изминало (а, изминала само една минута). Луѓето од групата А рекле дека се 58 секунди, а од групата Б дека се 77 секунди. Со ова е докажано дека луѓето кои постојано доцнат навистина имаат поинаква перцепција за времето, односно немаат правилно чувство за минување на времето.

Шефовите на државите побргу остаруваат и живеат помалку

Исто така овие типови луѓе не се лутат кога другите доцнат затоа што гледаат низ поширока перспектива. Покрај тоа се поспонтани, не се оптеретуваат со работи на кои не можат да влијаат, на пример за тоа што автобусот доцни. Затоа околу себе шират позитивна енергија која на другите им делува пријатно.

Таквите луѓе се во состојба да започнат со пакување на куферот пет минути пред заминување на пат, да пронајдат сместување или лет во последен момент. Тие се оптимистични и не расмилуваат како нема да им успее она што го наумиле, па макар тоа го направиле во последен миг.

Која е максималната возраст над која не може да се живее?

Поради тоа што често можат да бидат поуспешни во животот имаат шанси да живеат подолго од луѓето кои не доцнат никогаш. Но, имаат и тие свои маани, велат истражувачите. Со оглед дека не можат да го контролираат времето, така често немаат контрола ниту над парите, не се истрајни и на пример во завршување на диетата која ја зпаочнале.

Тие повеќе живеат за сегашноста, отколку за иднината па штедењето за староста не им е посилна страна.