Научниците со нови детали за населувањето на Америка

Сподели со своите пријатели

Пред скоро 11.000 години еден маж починал во денешна Невада. Прекриен со ќебе од кожа на зајак, положен на подлога од трска, погребан е во пештерата Спирит.

Loading...

Научниците сега успеале да соберат и анализираат негова ДНК, како и уште од 70 древни луѓе откриени низ цела Америка. Новите откритија додаваат детали на приказната за тоа кога и како луѓето се рашириле по западната хемисфера.

Првите познати луѓе кои таму дошле биле од Азија и веќе биле поделени по групи, покажуваат резултатите од истражувањата. Некои популации цветале и станале претци на домородните народи, кои се рашириле по целата хемисфера, а други изумреле.

Претходните студии покажуваат дека луѓето преминале во Америак на крајот на последниот леден период, патувајќи од Сибир во Аљаска преку земјиниот мост кој сега се наоѓа пдо Беринговото море. Од таму се прошириле јужно и со време пристигнале до Јужна Америка.

До неодамна, генетичарите не можеле многу да кажат за тие широки миграции. Последните неколку години, геноми на 229 древни луѓе се пронајдени ширум Америка.

Еден потекнува од остатоци на древен жител на Беринговиот мореуз. Тоа е втор древен „Беринговец“ чија ДНК е анализирана. Првиот, кој во јануари го попишал генетичарот Ески Вилерслев од Универзитетот Копенхаген, била 11.500 години „старо“ девојче пронајдено во Аљаска. Вториот е откриен неколку километри понатаму и живеел пред околу 9.000 години, наведува тимот на др. Вилерслев.

Loading...

Древните Беринговци се одвоиле од претците на староседелците во Америка пред околу 20.000 години. Новите откритија покажуваат дека живееле илјадници години, а потоа исчезнале не оставајќи никаков познат генетски траг меѓу живите луѓе.

Вториот бран на миграции одел јужно. Се поделиле во две гранки. Една се свртела кон север, кон Канада и Аљаска. Втората продолжила кон југот и податоците покажуваат дека пред 14.000 години бргу се прошириле по американскиот континент.

Мажот од пештерата Спирит бил дел од тој јужен крак. Во сродство е со 12.700 години „старо“ момче од Монтана, навел др. Виларслев.

Дејвид Рајх од Универзитетот Харвард и неговиот тим откриле врска помеѓу момчето од Монтана и другите древни Јужноамериканци. Тоа сродство укажува дека мигрантите бргу преминале од Северна во Јужна Америка.

Пред околу 9.000 години дополнителен бран луѓе тргнал кон југот, навеле од двата тима.

Др. Вилерслев верува дека новопридојдените се измешале со старата популација. Но др. Рајх вели дека постојат докази дека двата бранови мигранти целосно ги замениле луѓето кои претходно живееле во Јужна Америка.

Истражувањето покажало постоење на извонреден континент. Групата од др. Вилерслев споредила геном од човекот од пештерата Спирит со остатоци од четворица други откриени во близина кои живееле пред околу 600 години. Сите се во сродство, открил неговиот тим, иако ги делат цели 10.000 години.

Сличнаповрзаност е пронајдена и во Андите.

Loading...

Џон Линдо од Универзитетот Емори и неговиот тим анализирале ДНК на седум луѓе кои живееле на некои височини пред 6.800 до 1.400 години. Експертите проценуваат дека луѓето кои живееле во планините над 2.300 метри височина се одвоени од популацијата која живеела во низините пред 9.200 до 8.200 години. Денес, планинските луѓе и натаму покажуваат силна генетска врска со древните остатоци.

– Тоа не е нешто што го гледате во поголемиот дел регионит во светот, рекол дотор Рајх. 

Leave a Reply