Научниците предупредуваат: Примероците од Марс би можеле да предизвикаат нова пандемија

Сподели со своите пријатели

И владините агенции и приватниот сектор работат напорно за да испратат човечки мисии на Марс, а милијардерот Илон Маск, на пример, планира да ги испрати луѓето во „Црвената планета“ уште во 2024 година.

Loading...

Бидејќи технолошкиот претприемач Илон Маск и НАСА планираат да ги испрати луѓето на Марс во следните неколку години за да донесат примероци на Земјата по тие мисии, научниците предупредуваат дека тоа би можело да биде потенцијално опасно, предизвикувајќи пустош и евентуално нова пандемија.

Кина во јули планира патување на Марс

Д-р Бери Дигрегорио, почесен истражувач во Центарот за астробиологија Бакингем, ја повика НАСА да ги тестира примероците од Марс надвор од нашата планета, на пример, во лабораторија на Месечината.

„Луѓето од НАСА кои се залагаат да носат примероци од Марс на Земјата, дури и не ја разгледале можноста овие организми да го нарушат нашиот органски баланс штом се најдат на нашата планета“, објасни тој за „Дејли Стар“, инсистирајќи на тоа дека исходот може биде целосно непредвидлив.

„За оние кои сакаат да донесат примероци од Марс на Земјата, незнаењето е изедначено со недостигот на свесност за опасноста што ја носи“, рече Дигрегорио, сугерирајќи дека сè уште непознатите марсовски микроорганизми би можеле да ги „нападнат“ копнените за да се хранат со нив.

Астронаутите мораат во карантин: Опасност од вирус од Марс

„Доколку имаа аминокиселини слични на оние на Земјата и ако им се допаднат истите мали соединенија на водород, копнените организми би можеле да бидат привлечни за нивната исхрана“, рече Дигрегорио, прецизирајќи дека подобро ќе биде претходно да се „проучи било каков живот на Марс“.

Loading...

Сепак, тој не го исклучи целосно трансферот на примероци од „Црвената планета“.

„Ако ги донесат од Марс, најмалку што треба да направат е да ги тестираат во специјално дизајнираната фабрика за биоозолација на Месечината, пред да ги испратат на Земјата“, заклучи тој.

Неговиот колега, академик д-р Гилберт Левин, инженер и истражувач на мисијата „Викинг“ на НАСА од 1976 година, се согласи со него, додавајќи дека животните форми веќе се пронајдени на Марс, но дека оваа информација е скриена од јавноста.

ШОКАНТНА СНИМКА ОД МАРС: Постојат гаражи за НЛО, исто како и на Земјата? (ВИДЕО)

„Постои реална шанса да постојат микроорганизми на Марс“, рече Левин за „Дејли Стар“.

Тој е убеден дека ако микроорганизмите од Марс би биле донесени на Земјата во какви било контејнери, тие многу брзо би се нашле во екосистемот, исто како што „микроорганизмите избегале од секое слетување од вселената, вклучително и оние од астронаутите кои се враќале на Земјата“.

Левин предупреди за опасностите што ги предизвикуваат патогени микроорганизми.

„Значи, патогените организми би можеле да се ослободат и да не окупираат и нас и нашата околина. Пандемијата Ковид 19 е многу соодветен показател за тоа што може да се случи со нас“, предупреди Левин.

Loading...

НАУЧНИЦИ ТВРДАТ: Роверот пронашол докази дека на Марс постоел живот

НАСА ќе го лансира роверот „Марс 2020 персеверанс“ на 17 јули како дел од програмата за истражување на Марс, дизајнирана за подобро собирање геолошки податоци од Марс и за пребарување на знаци на живот на „Црвената планета“, се вели во соопштението на НАСА.

Кога станува збор за „приватниот вселенски сектор“, „Space X“, на Илон Маск има намера да испрати ракета со товар на Марс во 2022 година, а со човечки екипаж во друга мисија две години подоцна.

Leave a Reply