НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Може да ни се повтори леденото време

Сподели со своите пријатели

На крајот на последното ледено време, ледените плочи на Антарктикот се повлекувале со брзина од 50 метри на ден, што е околу 10 пати побрзо од денес, утврдиле британските научници.

Loading...

Во студијата на Институтот за истражување Скот Полар на универзитетот Кембриџ, научниците проучувале примероци од морското дно околу Антарктикот за да пресметаат колку брзо мразот се повлекувал пред околу 12.000 години, за време на последното ледено време на Земјата.

Климатските промени водат кон недостаток на пчели

Студијата на институтот, кој е центар за истражување во поларните региони низ целиот свет, покажа дека на некои места мразот се топи со брзина од повеќе од 10 километри годишно, односно дека топењето се одвивало 10 пати побрзо од максималната брзина во последните неколку децении.

Иако стапката на топењето на глечерите денес е многу помала, научниците сметаат дека ако климатските промени продолжат со истото темпо, може да се приближи до споменатата стапка.

Со помош на подводни роботски возила, научниците ги испитувале гребените на морското дно, создадени со притисок на мразот што се движи и лебди во водата веднаш над дното.

Пливаше под мразот на Антарктик поради климатските промени (ФОТО)

Со истражување на изгледот на морското дно во близина на ледената плоча Ларсен, лоцирана источно од Антарктикот, откри дека плочата зафаќала површина од 53,1 милиони квадратни километри, а потоа значително се намалила во втората половина на 20 век како резултат на зголемувањето на температурите на воздухот, пишува Science Alert .

Loading...

„Ова е прва студија што дефинитивно покажа дека стапката на повлекување на мраз може да биде толку брза“, рече главниот автор на студијата, Џулијан Дадсвел.

Научниците проценуваат дека со секоја плима, мразот се „топел“ во оваа област и се повлекувал секој ден на 40 до 50 метри, што било повеќе од 10 километри годишно.

Четвртина од светското население ќе ги напушти домовите поради климатските промени

Даудсвел наведува дека денешната состојба е многу слична на онаа што се случила на крајот на последното ледено време.

Научниците денес веруваат дека топлите океански струи придонесуваат за топење на ледените брегови на Антарктикот, бидејќи топлата вода продира под мразот и со тоа ги „топи“.

„Околностите за слабеење на глечерите веројатно биле слични пред 11.000 или 12.000 години“, рече Дандсвел, додавајќи дека ова укажува на можноста за повторување на ова или слично сценарио.

Дали Сонцето има улога во климатските промени?

Една неодамнешна студија спроведена од експерти на НАСА, исто така, покажа вистинска загуба на мразот во Антарктикот и Гренланд.

Loading...

Станува збор за 118 или 200 гигатони мраз годишно, што помеѓу 2003 и 2019 година резултираше со зголемување на нивото на морето за околу 1,3 см.

Проблемот е во тоа што со натамошно топење на мразот, нивото на морето би можело да се зголеми за метар и половина во блиска иднина.

Leave a Reply