Научниците под Италија откриле целосен римски град

Сподели со своите пријатели

Научниците за прв пат под земја, во близина на градот Фалериј Нов, на педесет километри од Рим, открија цел антички римски град, користејќи само георадар, пишуваат АФП и Гардијан.

Loading...

Притоа експертите не морале да превртат ниту еден камен.

Наместо тоа, научниците од Кембриџ и Универзитетот во Гент во Белгија користеле радар за да ја зафатат површината на земјата, создавајќи софистицирани тродимензионални претстави на некогаш изгубениот град и откривајќи нови аспекти на римската архитектура и урбан дизајн.

Ова е прв пат целиот град да се мапира со употреба на георадар, рече еден од авторите на студијата, професорот Мартин Милет.

„Добивме слика за фантастично висока резолуција на она што е под површината. Радарот ни овозможи да видиме што се случува на различни длабочини“, рече тој.

Традиционалните ископувања откриваат многу информации за тоа како изгледале римските градови, но погледот од птичјата перспектива им дава дополнителна димензија на увид во римското урбанистичко планирање.

Фалери Нови под земјата е 13 векови. Зафаќа површина од приближно една четвртина од квадратен километар и се претпоставува дека градот е основан во 241 година п.н.е. и бил населен до околу 700 година пред нашата ера.

 

Loading...

 

Со георадарот е утврдено дека градот има неколку храмови и згради на јавната администрација, како и театар и јавна бања.

Многу помал од соседниот Рим, Фалери Нови „бил плански многу подетален отколку што би очекувале од помалите градови“, рече Милет.

Мапирањето со георадар открило и сложен систем на цевководи, не многу различен од современиот.

„Може да се види дека системот за водоснабдување бил поставен уште на самиот почеток на развојот на градот. Тоа ни кажува многу за тоа како градскиот план бил конципиран“, рече Милет.

„Ако сте заинтересирани да го проучувате Римското Царство, градовите се клучни затоа што така функционирал Рим. Но, бројот на градовите што можеме да ги разбереме целосно може да се набројат на прстите на едната рака“, посочи тој.

„Повеќето од тоа што го имаме, со исклучок на Помпеја, се претежно фрагменти. Копате ров и сфаќате по нешто, но толку е невозможно да откриете како функционирал градот како целина. Ова ни овозможува да видиме цели градови и да добиеме увид во нивната структура”, објасни тој.

Loading...

Тој тврди дека георадарската техника може да се користи и за истражување на поголемите градови како што се Милет во Турција, Никопол во Грција или Кирене во Либија.

Leave a Reply