Научниците открија 50 нови видови пајаци (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

За време на двонеделната мисија во австралиските шуми на полуостровот Јорк во северниот дел на Квинследн, тим од 23 научници и шумари откриле 50 нови видови пајаци.

Угина најстариот пајак во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Loading...

Пронашле пајаци од големина на нокт до енормни тарантули чии нозе можат да бидат во распон на човечко лице. Меѓу новооткриените видови се и пајаци спободни да нуркаат, скокаат и играат, пренесува National Geographic.

Научниците особено ги воодушевил пајакот паун, кој е познат по сложениот танц кој ги привлекува женките, но еднакво интересни се и пајаци кои го имитираат однесувањето на мравките и пајак кој нурка под површината на водата.

 

 

Еден од четворицата археолози Роберт Равен оваа водена верзија на пајакот ја открил додека бил во вода среден ноќта, а во меѓувреме забележат дека можат да останат подводно подолг временски период, поради што планираат да ја анализираат неговата ДНК.

Истражувањето кое било дел од експедицијата на Буш Блиц, овозможило да бидат откриени вкупно 1.200 нови видови во 34 експеции.

Засега познати се 3.500 видови пајаци во Австралија, а се проценува дека уште 15.000 треба да бидат идентификувани.

– Ова беше еден од најголемите броеви на видови на пајаци кои Буш Блиц некогаш ги открил за време на експедиција, се наведува во соопштението.

Leave a Reply