Научниците испраќале пајаци во вселената, но тоа не била добра идеја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Научниците и истражувачите веќе испратија голем број необични работи до Меѓународната вселенска станица, сето тоа како дел од разни студии.

Loading...

Така, астронаутите одгледувале зелена салата и ротквица, печеле колачи, испитувале како течноста се движи во микрогравитација и често во нивната „кујна“ се наоѓале пакувања со нешто необична храна.

Но, еден од научниците заклучил дека би било многу добро да се испратат неколку пајаци во вселената и да се набљудува како микрогравитацијата или недостатокот на гравитација влијаат на нивното функционирање.

Значи, минатата недела беше објавена студија во списанието „Наука за природата“, кое покажува дека пајаците доста добро се прилагодиле на животот во бестежинска состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гинисов рекордер во неспиење: Цели 11 дена параноја и халуцинации (ВИДЕО)

Наместо да ги градат своите асиметрични мрежи кон изворот на гравитација, тие се свртеле кон кој било извор на светлина.

Фактот што пајаците имаат таков резервен начин на ориентација е навистина изненадувачки, рече еден од авторите на студијата, Самуел Зшокке од Универзитетот во Базел.

– Никогаш не би помислиле дека светлината ќе влијае на нивната ориентација. Всушност, беше среќна коинциденција што светилките беа поставени на врвот на терариумот, а не настрана, вели тој.

Ова истражување открива дека научниците ги испратиле пајаците во вселената уште во 2008 година. Тоа истражување било вистинска катастрофа.

Loading...

Имено, пајаците кои биле испратени „избегале“ од своите терариуми во терариумите на другите пајаци и започнале да создаваат мрежи едни на други.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сакате да одгледате успешни деца? Харвард: Дајте им домашни задачи!

Винските мушички кои биле испратени да им дадат на пајаците со што да се хранат се зголемиле толку многу што астронаутите веќе не можеле да гледаат во резервоарот во кој се наоѓале.

Иако овој обид за истражување бил прогласен за неуспешен, научниците лесно решиле да ги испратат пајаците на нова мисија во 2011 година.