Научничката, која помогна да се направи вакцина против ковид, доби кукла Барби со нејзиниот лик (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Производителот на играчки Мател создаде кукла Барби со ликот на една од научничките која помогна да се направи вакцината Оксфорд / АстраЗенека против коронавирусот, со надеж дека ќе ги инспирира девојките да се занимаваат со наука, технологија, инженерство или математика.

Loading...

Професорката Сара Гилберт е почестена што стана „пример за Барби“ за нејзината работа на Универзитетот Оксфорд и нејзината улога како лидер во создавањето вакцина против коронавирус, која сега се користи во многу земји низ светот.

 

 

– Страсно сакам да ја инспирирам следната генерација девојки за СТЕМ кариера и се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барби кукла ќе разберат колку се важни научните кариери за светот околу нас – изјави британската научничка д -р Гилберт.

Таа додаде дека нејзината желба е куклата да им покаже на децата кариера за која можеби не се свесни, како што е вакцинолог.

Во јуни, кралицата Елизабета Втора и додели на Сара Гилберт титула витез за заслуги во областа на здравството и медицинските истражувања.

Loading...

Покрај професорката Гилберт, Барби им оддаде почит и на пет други жени кои работеа за време на пандемијата.

 

Leave a Reply