НАТО: Русија да ги повлече трупите од нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е клучно да се обезбедат услови за претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната централа Запорожје во Украина и ја повика Русија да ги повлече своите војници од тој објект.

Loading...

– Итно е неопходно да се дозволи инспекција на Меѓународната агенција за атомска енергија и да се гарантира повлекување на сите руски сили – изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.

Тој посочи дека фактот што руските воени сили ја окупирале нуклеарната централа Запорожје претставува сериозна закана за безбедноста и заштитата на тој објект.

– Ова го зголемува ризикот од можна нуклеарна несреќа или инцидент и го загрозува населението на Украина, соседните земји и меѓународната заедница – додаде Столтенберг.

Обединетите нации имаат логистички и безбедносни капацитети да ја поддржат посетата на инспекторите на МААЕ на украинската нуклеарна централа Запорожје, а условот е да се согласат и Русија и Украина, изјави претходно портпаролот на ОН Стефан Дизарик.

Така тој одговори на обвинувањето на Русија дека ОН ја блокирале посетата на инспекторите на МААЕ на најголемата нуклеарна централа во Европа, која Русија ја затвори во март.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.