Наставнички од Куманово победници на Меѓународниот Креф фестивал

Сподели со своите пријатели

Наставнички заедно со своите ученици од две кумановски Основни училишта и оваа година освоија награди како на меѓународниот КРЕФ фестивал. КРЕФ – Креативно Едукативниот фестивал кој се одржува  четврти пат по ред секоја учебна година.

Loading...

Оваа година прогласувањето на наградените ментори се одржа во Лесковец од трети до петти октомври. Главни организатори на КРЕФ се  Весела Богдановиќ и Зоран Илиќ заедно со Дејан Цакиќ претседател на Учителското друштво од Лесковец.

Учителката Јелена Мандиќ од ООУ „Вук Караџиќ“ заедно со  учениците од прво одделение сними едукативен филм „Парни/непарни броеви и овошје/зеленчук“ кој се натпреваруваше во категорија КРЕФ образовен ресурс до 10 годишна возраст.

-Преку филмот може да се види како со помош на употреба на богатство од креативни нагледни средства и материјали учениците може да ги усвојат целите од наставната програма предвидени за нивната возраст на лесно прифатлив и интересен начин за нив. Учениците низ игра лесно ги совладаа и научија да ги разликуваат парните од непарни броеви како и овошје од зеленчук  – изјави учителката Јелена Мандиќ.   

Фестивалот КРЕФ е акредитиран од Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија. Учесниците можеа да се натпреваруваат во следниве категории: игран филм воспитен предизвик, образовен ресурс, современо образование  и промотивен училишен спот.

– Во филмот „Музички предизвик‘ кој се натпреваруваше во категорија современо образование учествуваа вкупно 14 ученици од подрачното училиште Долно Којнаре од V одделение од ООУ „11 Октомври“. Филмот прикажува иновативен начин на креација на песни на англиски јазик преку примена на модерна и современа технологија која ја поттикнува креативноста и имагинацијата кај учениците и цели кон стекнување на вештини и знаења кои овозможуваат континуирано учење во дигиталната ера – изјави менторката Славица Младеновска. 

Loading...

КРЕФ фестивалот беше отворен за учество на ментори и нивни ученици од сите основни и средни училишта. Годинава на престижниот фестивал се натпреваруваа видео записи од Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ.

Leave a Reply