Настап во пижами во центарот на Рим – тивок протест на поранешните стјуардеси на „Ал Италија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Десетици стјуарди, кои работеле за италијанската авиокомпанија „Ал Италија“ пред да се затвори, ги соблекле униформите и “полетале” во центарот на Рим, протестирајќи поради загубата на работата.

Loading...

Поранешните стјуардеси на „Ал Италија“ се собрале во средата во Капитол, еден од познатите седум ридови во Рим, облечени во униформите што ги носеа додека биле вработени.

Потоа почнале синхронизирано да ги соблекуваат униформите, стоејќи во колони, со кореографија, дел по дел, се додека не останале во ноќници и чевли.

 

 

Потоа ги соблеколе чевлите со високи потпетици, кои се задолжителни за стјуардесите ширум светот, иако имаат многу лош ефект врз здравјето.

Крајот на изведбата го одбележаа фаќањето во круг, но и солзите на стјуардот. Граѓаните што ги гледаа ги поддржаа со силен аплауз.

Loading...

Со оваа изведба, поранешните стјуардеси сакале да кажат дека се противат на новонастанатата ситуација.

Инаку, многу поранешни работници на „Ал Италија“ биле отпуштени или морале да потпишат договори со новоформираната компанија „Ита ервејс“ под услови кои, како што тврдат, се лоши за вработените.

„Ал Италија“ неодамна беше затворена поради бројни финансиски проблеми што се натрупуваа со текот на годините, а за кои властите не најдоа решение.