Наскоро започнува реновирање и санација на ООУ ”Наим Фрашери”

Сподели со своите пријатели

Кумановското основно училиште „Наим Фрашери“ од Куманово  ќе се реновира откако заврши конкурсот за избор на градежна компанија за санација и реновирање на 23 училишта на ниво на Македонија.

Loading...

На распишаниот тендер за реконструкција на 23 училишта, Министерството за образование во конкуренција на три фирми како најповолна ја одбра градежната компанија „Бауер БГ“.

За изведба на опсежниот градежен зафат во наредните шест месеци ќе се потрошат 136.482.559 денари, односно над 2,2 милиони евра од државниот буџет.

Рехабилитацијата на училишните објекти треба да заврши до април 2016 година. Локалната самоуправа на Куманово во 2012 година, изврши комплетна санација на спортската сала која ја делат две училишта, и тоа ООУ “Наим Фрашери” и ООУ “Вук Караџиќ”.

Извор: Билд.мк