Наскоро на небото ќе се случи појава која не е забележана никогаш претходно

Сподели со своите пријатели

Новооткриената Леонардова комета се очекува да го осветли небото овој месец и да помине покрај Земјата за прв пат по 70.000 години.

Loading...

Кометата ќе биде видлива на небото пред зори на северната хемисфера со телескоп или двоглед на темни локации во текот на декември.

Подоцна во текот на месецот, можно е дури и да се забележи светло зелена ледена топка кратко навечер, веднаш по зајдисонце, велат астрономите.

Кометата има зелена опашка бидејќи нејзината ледена карпа се загрева додека се приближува до Сонцето, прво испуштајќи сина прашина, потоа жолта или бела и на крајот зелена.

 

 

Кога ќе ја добие оваа боја, тоа значи дека кометата е топла, содржи многу цијанид и диатомски јаглерод и дека потенцијалот за распаѓање е најголем.

Loading...

Најдобро ќе се види на 14 декември, а постои шанса Леонардовата комета да се види на католички Божиќ, 25 декември.

Кометата, која се очекува да биде најсветлата во 2021 година, има дури и свој профил на Твитер, па набљудувачите на ѕвездите можат да бидат во тек каде се наоѓа.

Ја открил астрономот Грегори Џеј Леонард на 3 јануари во инфрацрвената опсерваторија Маунт Лемон во Аризона.