Наскоро можна законска забрана за правење скара на јаглен

Сподели со своите пријатели

Кај надлежните институции се развива нова мерка која би требало да дојде против загадувањето на воздухот во државата, а тоа е законска забрана за правење скара на јаглен, јавува Алсат-М.

Доколку оваа идеја се реализира, тоа значи дека сите ќебачилници и угостителски објекти кои ја користат оваа метода на подготовка на скара ќе мора истата да ја приготвуваат на гас или струја.

Според државниот инспекторат за животна средина оваа мерка би требало да ја намали загаденоста на воздухот, а како мерка се најавува дека од следната грејна сезона суво огревно дрво ќе препродава само Државното претпријатие „Македонски шуми“, а со тоа ќе биде намалено испуштањето на штетните ПМ честтички, според надлежните.

Предлозите наскоро би требало да бидат доставени до Комитетот за здравје и животна средина, по што треба да се реши дали предлозите ќе добијат зелено светло за спроведување и реализирање низ законска процедура.

Според надлежните овие мерки загадувањето би го намалиле за околу 30%.

Извор: алсат.мк