Наскоро изградба на филмски студија и концертен простор во вселената

Сподели со своите пријатели

Универзумот како туристичка дестинација, како атракција, мистерија и нешто што со децении ги окупира и фасцинира луѓето, сега ќе стане концертна сала. Имено, според странските медиуми, Space Entertainment Enterprise, компанија која учествува во продукцијата на новиот филм на Том Круз, кој е сместен во вселената, планира да лансира вселенска спортска арена и продукциско студио.

Loading...

 

 

Планот на оваа реномирана продукциска куќа е да изгради вселенска станица која ќе има спортско-забавна арена, како и студио. Тоа е план што имаат намера да го реализираат до крајот на 2024 година, а таму планираат да одржат филмски, телевизиски, музички и спортски настани, но ќе биде и простор за креативци кои сакаат да снимаат во ниска орбита.

Axiom Space ќе се погрижи за изградба на модулот SEE-1, кој ќе биде поврзан со станицата на Axiom, која е дизајнирана со цел да стане дом за комерцијални содржини, вклучително и вселенски туризам, пренесува Индекс.