Насилници од Куманово крвнички претепале мигрант а потоа го ограбиле

Сподели со своите пријатели
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, пријавено е едно разбојништво извршено врз илегален мигрант.
Околу 18,00 часот во Куманово кај автобуската станица, додека Х.М. (1982) од Сирија се движел, две лица му понудиле да го превезат за Р.Србија и сите заедно пеш се упатиле по ул.„Доне Божнов” и низ бензинската пумпа продолжиле кон задната страна од домот за стари лица „Зафир Сајто“, и кај Спомен Костурница, каде откако едното лице обавило телефонски разговор, по кратко време пристигнало друго лице со ПМВ „Голф“.
Сите влегле во возилото и се упатиле во нас. Карпош, на м.в.„Почивало“, каде едно од лицата извадило метална шипка со која физички го нападнал сирискиот државјанин, удирајќи го со истата во пределот на грбот, му го одзел ранецот во кој имало сириска патна исправа на негово име, 3 мобилни телефони „Самсунг Галакси”, поголема количина евра и долари, чевли, а потоа го оставиле и заминале во непозмат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.