НАСА со нова снимка ни овозможи прошетка на Марс (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Роверот на НАСА „Perseverance“, кој го истражува Марс, испрати фасцинантни фотографии на Земјата кои ја прикажуваат панорамата на Црвената планета, а сега е можно и самите да се „упатите“ кон Марс – преку интерактивно видео објавено од НАСА.

Loading...

Фотографиите со висока резолуција кои доаѓаат од Марс се особено интересни затоа што ја прикажуваат и околината на роверот во кратерот Језеро во ширина од 360 степени, а сега експертите на НАСА составија панорама во форма на интерактивно видео од тие фотографии.

 

 

Имено, панорамата се состои од 992 индивидуални фотографии, кои се создадени благодарение на „десното око“ на камерата на роверот.

Вкупната резолуција на фотографиите е 2,4 милијарди пиксели.

Она што точно „Perseverance“ го видел и слушнал околу себе, може да се уверите во интерактивното видео објавено од НАСА, кое ви овозможува да ја истражувате панорамата на Марс, како и интересните места на неговата почва – како што е местото каде што слета роверот.

Loading...

 

 

Од слетувањето на површината на Марс на 18 февруари, „Perseverance“ беше доста зафатен.

Тој успешно го лансираше хеликоптерот „Ingenuity“, го сними неговиот прв лет, демонстрираше можност за создавање кислород од атмосферата на Марс, сними атмосферски звуци и направи повеќе од 75 илјади фотографии.

 

 

Loading...

И тоа е само почеток, бидејќи во следните месеци, како што објави НАСА, „Perseverance“ ќе ја истражува површината на Марс и ќе ги земе првите примероци на почва кои потоа, во една од следните мисии, ќе бидат доставени на Земјата.

 

Leave a Reply