НАСА прави воздушен град, нова дестинација за вселенските туристи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Популарната научна фантастика кон почетокот на 20. век ја прикажа Венера како земја на чудата, со пријатно топли температури, суши, мочуришта, па дури и донсаоруси. НАСА моментално работи на мисијата за Венера, но не сака да ги приземји астронаутите, туку да ги одржи во атмосферата.

„Хајден планетариум“ во Американскиот природен музеј во 1950. година барал резервација за првата вселенска мисија, а се што сте морале да направите е да ја наведете својата адреса и да ги штикрлирате полињата до саканата дестинација, која ја вклучува и Венера.

Денес Венера е дестинација за која сонуваат вселенските туристи, а НАСА моментално работи на мисијата за Венера, која е наречена HAVOC.

Девет нови сателити пронајдени околу Јупитер

Loading...

Многумина се прашуваат како таквата мисија е возможна, со оглед дека температурите на површината на планетата се околу 460 степени, потопло и од Меркур, иако Венера е двојно поодалечена од Сонцето. Ова е дури поголемо и од точката на топење на многу метали, вклучително бизмут и олово.

Површинате е карпеста, а има и вулкански особини и планински подрачја. Исто така геолошки е млада.

Таквите екстремни настани се предизвикани со содавање топлина под површината, евентуално предизвикувајќи го да се разлади, ослободи топлина и повторно стане цврст.

Меѓутоа, НАСА не сака во новата мисија да ги приземји луѓето, туку да ја искористи густата атмосфера за истражување.

Датумот на почетокот на мисијата се уште не е објавен, а планот е да се користат воздушни бродови кои можат да останат во горната атмосфера и во подолг период.

 

 

Горната атмосфера на Венера всушност е локација која е најслична на Земјата во соларниот систем.

Измеѓу надморската височина од 50 до 60 километри, притисокот и температурата можат да се споредат со подрачја на понискиот слој на Земјата.

Атмосферскиот притисок во атмосферата на Венера на 55 километри е околу половина од притисокот на нивото на морето на Земјата.

Тоа значи дека тука оделно не би било потребно, а и не морате да се изолирате затоа што температурата тука се движи помеѓу 2о и 30 степени целзиусови.

Воздушните бродови само би пловеле околу планетата, а би ги движел ветерот. Од друга страна, би можел да биде исполне со мешавина од гас како што се кислород и азот, кои би овозможиле пловност.

Се уште знаеме релативно малку за Венера, и покрај тоа што е наш најблизок планетарен сосед.

Leave a Reply