НАСА планира прва повратничка мисија на Месечината

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА објави дека планира да ја лансира својата мисија Artemis One во февруари 2022 година, што го означува почетокот на американската програма за враќање на Месечината.

Loading...

Мисијата првично беше планирана за крајот на оваа година. Тоа ќе го означи вистинското лансирање на програмата Артемис со која САД планираат да ги вратат луѓето на Месечината, вклучувајќи ја и првата жена.

Милиони луѓе веруваат дека НАСА го лажирала слетувањето на Месечината! Еве и зошто!

Првиот лет ќе биде без астронаути на леталото, новата голема ракета на НАСА наречена SLS треба да ја однесе капсулата Орион до Месечината и да се врати на Земјата.

 

 

„Можноста за лансирање во февруари се отвора на 12-ти, а нашата последна шанса во февруари е 27-ми“, рече Мајк Сарафин, одговорен за мисијата на денешната прес-конференција.

Loading...

Доколку леталото не е подготвено навреме, други можни датуми за лансирање се закажани за март и април.

Ракетата со капсулата Орион на врвот се составува во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида. Висок е околу 100 метри.

 

Како гордоста на Америка експлодираше и однесе 7 животи поради суетниот лидер на НАСА? (ВИДЕО)

 

На почетокот на јануари ќе се изврши генерална проба, по што ќе биде објавен точниот датум на лансирање.

Претставниците на НАСА не сакаа да кажат дали е променет редоследот на мисијата „Артемида два“. Засега, таа втора мисија треба да биде во 2023 година, и овој пат ќе има астронаути на леталото, но нема да слета на Месечината.

Само Артемида три, планирана за 2024 година, ќе има астронаути кои ќе одат на Месечината.

Loading...