НАСА: Новото езеро може да даде увид во животот на Марс (видео)

Сподели со своите пријатели

Новиот остров на одалечениот дел од Пацификот би можел да даде одговори на прашњата како можеби се развивал животот на Марс, соопштуваат од НАСА.

Вулканскиот остров Хунга Тона – Хунга Хапаи се појави во 2014 година во Тихиот океан на околу 65 километри северозападно од Нукулаф, престолнината на Кралството Тонга.

Тоа се појави при подводна вулканска ерупција, а експертите во почетокот верувале дека островот ќе исчезне по само неколку месеци. Меѓутоа, НАСА соопштува дека тоа се покажало поотпорно отколку што се очекувало.

Loading...

Се верува дека тоа е можно поради тоа што топлата морска вода во комбинација со пеплта при вукланската експлозија формирала карпки цврсти како бетон.

Се очекува островот, кој најпрвин бил широк еден километар, а два километри долг и околу 100 метри висок, минувајќи значителна ерозија да трае шест до 30 години.

Новата студија која ја работеле научниците пружа увид во долговечноста и ерозијата која го обликува новиот остров. Со разоткривање на тие процеси би можел да се даде увид во слични факти и на другите делови од Сончевиот систем, вклучително и Марс.

Момче од Русија тврди дека живеел на Марс (видео)

Џим Гарвин, главен научник во Центарот за вселенски летови „Годард“ во НАСА, изјавил дека ова е рерка можност за проучување на животниот циклус на новоформираниот остров. Според неговите зборови, Марс има многу слични вулкански острови, кои изгледа биле опкружени со вода кога настанел.

– Проучувањето на настанокот на животот на тој остров би можел да им помогне на научниците точно да определат каде ќе ги бараат доказите за живот на Марс. Островите како овој можеби пред две или три милијарди години биле на Марс, рекол Гаврин.

Студијата на НАСА за островот е претставена на состанокот на Американската геофизичка унија во Њу Орлеанс, по потпишување на документот со кој претседателот Доналд Трамп побара повторно да се испратат Американци на Месечината и на крајот на Марс.