НАСА лансираше сонда за истражување на Марс

Сподели со своите пријатели

НАСА во сабота на 5. мај лансираше ракета која би требало до Марс да ја однесе сондата InSight Mars, чија задача е што подетално да ја истражи оваа планета.

Така НАСА уште еднаш се враќа на Марз, па од базата Ванденберг во Калифорнија лансирана е новата сонда чие целосно име е „Mars Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, т.е. InSight Mars.

Илон Маск ќе ја започне колонизацијата на Марс

Loading...

Ракетата која овој викенд полета кон Марс до него би требало да пристигне на 26. ноември, за да на површината се спушти сондата која ќе слета на планирана точка, нешто посеверно од екваторот на Марс.

InSight Mars сондата во тој момент би требало да ја започне својата мисија, па да започне копање и истражување на земјиштето на Марс, неговите слоеви, составот и геодетските активности.

Целта на истражувањето е проучување на формирањето на оваа планета, па и целиот Соларен систем. Сондата ќе има можност своите сензори да ги испраќа до пет метри во длабочина, каде потоа ќе започне со мерење на температури, вибрации, сеизмички активности.

Предноста е во тоа што условите на Марс веројатно и денес се слични на оние од пред повеќе милиони години, што значи дека постои можност да не се уништени сите траги кои би можеле да го осветлат формирањето на целиот Сончев систем.

ИМА ЛИ ЖИВОТ НА МАРС? Европска вселенска сонда започнува потрага

Освен оваа сонда, ракетата во космосот испраќа и два мали сателити, кои би требало да станат прв меѓупланетарен „CubeSat“ сателити. Нивната функција е на патот до Марс да комуницираат со контрол на мисијата, но и да ја следат сондата InSight Mars. Потоа сондата со Земјата ќе контактира преку  Mars Reconnaissance Orbiter на НАСА, а сателитите MarCO-A i MarCO-B го продолжуваат своето патување во длабокиот космос.

Leave a Reply