НАСА во мисија за пренасочување на опасните астероиди

Сподели со своите пријатели

Американската агенција НАСА (Националната авијација и вселенска администрација) го лансирала  вселенското летало Дарт во пробна мисија за пренасочување на орбитите на астероидите кои претставуваат потенцијална или реална опасност за Земјата.

Loading...

Леталото било лансирано на патување долго 6,8 милиони милји со мисија да се урне во вселенски сателит Диморфос сличен на малата месечина за да се види дали астероидите би можеле да се одвратат од можен судир со Земјата, пренесува Ројтерс.

 

 

Дарт бил лансиран синоќа во 22:21 часот со ракета од типот Falcon 9 во сопственост на SpaceX од американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија како прв планетарен одбранбен систем.

Планот е роботското вселенско летало Дарт да се сруши на Диморфос со брзина од 24.100 километри на час со цел минимално да се промени траекторијата на тоа небесно тело.

Ако мисијата успее, тоа ќе значи дека НАСА, како и другите вселенски агенции, можат да спречат астероид кој оди кон Земјата и да спречат катастрофален удар и можен крај на светот.

Loading...

Капсулата „Дарт“ со големина на автомобил се откачила  од носачот неколку минути по лансирањето и го продолжи своето 10-месечно патување во длабоката вселена, на околу 6,8 милиони милји од Земјата.