НАСА има „само“ три услови ако сакате да станете астронаут

Сподели со своите пријатели

Митот е дека сите астронаути воедно се и пилоти, а истината е дека искуството во пилотирањето е голема предност во пријавувањето, но никако не е услов кој мора да биде исполнет.

Владее мислење и дека астронаутите мора да имаат совршен вид, но вистина е дека тоа можат да го постигнат и со ласерска корекција на очите. Единствен услов е да помине година дена од операцијата до пријавата за работа.

Астронаут на НАСА од вселената се врати со различни гени

Loading...

Мит исто така е дека сите астронаути се како Шелдон Купер од серијата „Бубалици“, односно дека имаат многу докторати.

За да добиете работа во НАСА; потребно е да имате диплома од некоја од СТЕМ науките. Секој дополнителен „академски чекор“  се смета како бонус, но и годините работа и искуство можат да се заменат со мастер или докторат.

Пред пријавата секако треба да се погрижите да имате и три години работно искуство како и да сте во добра физичка подготвеност во рамките со своите години.

Ни горе, ни долу: Како спијат астронаутите во вселената? (видео)

Целосна дезинформација е исто така дека астронаутите мора да бидат војници, а не мора да бидете ниту на посебна возраст.

Просечен астронаут има 34 години, а се пријавуваат професионалци од 26 години па натаму.

Доколку навистина сакате да станете астронаут, размислете за следново.

Немате проблеми со тоа животниот простор да го делите со многу цимери, понекогаш лошо да се храните, често да се расипува тоалетот и да лебдите во безрамонтежна состојба.

И астронаутите приготвуваат кафе во вселената (видео)

Ви се допаѓа идејата за непрестано поправување, одгледување цвеќе во вселанта, научни експерименти и непрекидно гледање во Земјата.

Идеално секако би било освен што сте авантурист, навистина да ја сакате науката и технологијата и покрај се вселената.

Одлично би било, се шегуваат понекогаш во НАСА, и да не се плашите од височина и вонземјани.

Leave a Reply