Нарачала хамбургер, а во него пронашла човечки прст (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатна ситуација била забележана во ресторан во Боливија.

Loading...

Гостинката во ресторанот врескала кога за време на оброк пронашла остатокот од човечкиот прст во хамбургер. Веднаш повикала келнер кој, како и неа, за малку ќе се онесвестел од глетката.

Тогаш се вознемирил и сопственикот на ресторан во Санта Круз кој имал еден коментар за невообичаена ситуација – не знаел од каде доаѓа прстот во хамбургерот.

 

 

Приказната толку ескалираше во Боливија што заменик -министерот за угостителство и храна Хорхе Силва морал да реагира и да ја смири јавноста со нови вести.

– Се покажа дека прстот му припаѓал на поранешен работник кој загубил уште еден на лице место. Додека му помагале, едниот прст останал во хамбургерот, кој другиот работник потоа несовесно го спакувал. Се се случи во компанија за снабдување со хамбургери  во Санта Круз. Затоа сопственикот не можеше ниту да знае што се случило и од каде потекнува човечкиот прст – изјавил Силва за весникот „Ефе“.

Loading...