Напуштено село во пустината: Атракција за храбрите туристи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Широко отворените врати на домовите, како и предмети оставени во нередот, укажуваат дека жителите го напуштиле ова место во брзање.

Loading...

Селото Ал Мадам постепено се претвора во пустина, а отворената врата на домовите зад кои сè е во неред, укажува дека жителите заминале во брзање.

Село како од бајките, но туристите се кошмар за локалците (ФОТО)

Селото е помалку од еден час возење од Дубаи, во близина на градот Шарџа, а населбата е составена од два реда куќи и една елегантна џамија.

Околината на поранешните домови се уште е видлива, но наносите од песок што пристигнуваат во брановите пробиваат низ прозорците и го покриваат мебелот.

https://www.instagram.com/p/B8JW8Yjnshe/?utm_source=ig_embed

Широко отворените врати на домовите, како и нередот што останал, укажува на тоа дека жителите го напуштиле ова место во брзање, а приказните за „селото на духови“ од кое се бегало од натприродни сили се врзани за ова место.

Мистериозни локации кои ги нема на мапите: Рај за авантуристите, но ако успеат да ги пронајдат

Откривањето на вистината за напуштање на местото е отежнато со фактот дека нема преостанати жители да сведочат за настаните, додека од друга страна, Ал Мадам станува сè попривлечна дестинација за туристите кои бараат возбуда, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Слабо чувана тајна

Заедницата на странски работници од Дубаи го сакаше ова место и беше меѓу првите што започна неговото населување.

Најубавиот мост во Европа: Место кое го посетуваат туристите веќе 200 години

Социјалните мрежи полека се пополнуваат со извештаи од оваа авантуристичка дестинација, а туристичките агенции бргу ја додаваат Ал Мадам во своите програми.

„Таканареченото село на духови не е меѓу најпопуларните дестинации во моментов, но станува сè попопуларен кај оние што сакаат да истражуваат“, вели С.Ј. Сунил од пустината Desert Safari Tours.

Туристички атракции кои се најголемо разочарување за туристите (ФОТО)

Уредувачот на блогот на патувања, Ванеса Бол, вели дека ова место е „слабо чувана тајна“ затоа што има голем интерес и поголем број луѓе што го посетуваат.

https://www.instagram.com/p/B8HEHXOh_iX/?utm_source=ig_embed

„Повеќето врати се отворени, а некои куќи дури немаат врати. Прекрасни мозаици по ѕидовите и мурали со насликани локални пејзажи чекаат на вас”, вели таа.

Loading...

И покрај зголемената популарност, локалните власти не планираат да го ограничат пристапот до локалитетот за туристите или да наплатат влезници.

Грешки кои туристите најчесто ги прават на патувањата

„Развојот на Ал Мадам во туристичка дестинација не е планиран, иако туристите се добредојдени“, рекоа претставниците на Организацијата за туризам во градот Шарџа.

Leave a Reply