Направил дрвен тенк во природна големина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Млад таџикистански столар кој живее во Русија направил дрвена верзија на легендарниот советски тенк Т-34 за време на годишната прослава со која се одбележува крајот на Втората светска војна во Европа.

Loading...

Мухамадшариф Јалилов живее во рускиот град Тула, историски центар на вооружената индустрија која се наоѓа јужно од Москва, и на предлог на пријателите одлучил да направи дрвен тенк, пишува ВВС.

– Пријателот ми рече ајде направи Т-34 тоа досега никој не го направил, рекол тој за локалната телевизија ТелеТула.

Му биле потребни три години да работи на тоа во слободно време, а за купување на материјалите потрошил половина милион рубљи, односно 7.700 долари.

фото: Принтскрин Јутјуб

Leave a Reply