Напаѓачите на египетската џамија носеле знамиња на Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Напаѓачите кои во петок убија 305 луѓе во напад на синајската џамија носеле знамиња на Исламската држава, соопштено е од кабинетот на египетскиот јавен обвинител.

Тоа тврдење се уште не е потврдено, но одговара на проценките на многу коментатори, имајќи предвид дека северен Синај се соочува со бунт на џихадистите кои станаа дел од терористичката организација Исламска држава и сега се нарекуваат Синајска држава, наведува лондонски Индепендент.

235 мртви во терористички напад во Египет (вознемирувачки снимки)

Loading...

Ниту една терористичка организација се уште не презеде одговорност за тој најсмтроносен напад на исламските екстремисти во модерната историја на Египет.

Меѓутоа во соопштението кабинетот на јавниот обвинител се наведува дека 25 до 30 луѓе во униформи со војнички изглед носеле знамиња на Исламската држава кога ја нападнале џамијата Ал Раудах во селото Бир ал Абед.

– Имаше од помеѓу 25 до 30 лица, носеле знамиња на Даеш (ИД) и заземале позиции пред вратата на џамијата и 12 прозорци со автоматски пушки, се наведува во соопштението.

Паднаа маските: Командантот на Исламската држава е американски спeцијалец

Во кабинетот на обвинителот кажано е дека тоа тврдење е засновано на истрагата и сведочењата на преживеаните. Моханад Сабри, експерт за Синај, изјавил дека скоро сите знаци укаживаат на Исламската држава.

– Тие со децении имаа смртоносен анимозитет кон заедницата суфисти на Синај и убија неколку најпознати свештеници во последните неколку години, изјавил Сабри за британскиот вестник пред соопштението на јавниот обвинител.

Синајската држава презеде одговорност за отсекување на главите на двајца шеици во декември 2016 година, обвинувајќи ги за отпадништво и пророштво. Таа организација исто така често уништува суфисти на Синај. Експертите за тој дел до Египет исто така велат дека вчерашниот напад сугерира дека насилството на Синај не се намалува и дека Исламската држава не е значително ослабната со воените кампањи.

Путин: ИСИС ја финансираат 40 држави, меѓу нив има и членки од Г20 (видео)

Еден воен извор изјави дека проблемот е во тоа што терористите се кријат меѓу цивилите, додавајќи дека војската дава се од себе.

Агенциите потсетуваат дека екстремистичките исламисти ги зајакнале нападите на Синај откако војската во 2013 година го исфрлила претседателот на Египет, исламистот Мохамед Морси.

Отогаш се убиени стотици војници и цивили, обично во нападите на т.н. Синајски провинции поврзани со ИД. Таа исто така напаѓала и христијанска коптска заедница во другите делови на земјата и се верува дека соборила руски патнички авион со 224 луѓе во 2015 година.

Зошто џихадистите на ИСИС возат исклучиво „Тојота“? (видео)

Дејствува на северот на Синај каде воедно на сила е вонредна состојба од октомври 2014, кога 33 лица се убиени во нападот за кој ИД презеде одговорност.

Се верува дека целнта на организацијата е Синај да се претвори во провинција со која ќе владее токму Исламската држава.