Напад со нож во сиропатилиште во Полска: Убиено девојче (16), ранети девет лица

Сподели со своите пријатели

Полската полиција го уапси напаѓачот кој рано утрово упадна во дом за сираци во градот Лоѓ, каде со нож уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата.

Loading...

Портпаролката на полицијата Анета Собјераѓ изјави дека полицијата многу брзо реагирала и го уапсила напаѓачот и дека е покрената истрага.

– За жал, во нападот загина шеснаесетгодишно девојче. Пет лица се задржани во болница – изјави Собјераџова.

Таа додаде дека на местото на нападот им била укажана помош на четири повредени лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија