Напад со нож во Англија, деветмина се борат за живот: Антитерористичките сили на терен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По нападот со нож во саботата врз воз што сообраќаше во англискиот округ Кембриџ, десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот, објавува Би-Би-Си.

Британската полиција го примила првиот повик за нападите врз возот што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос во 19:39 часот по локално време, по што пристигнала на местото на злосторството и уапсила двајца мажи, пишуваат британските медиуми.

Подоцна објавила дека десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот, пишува Би-Би-Си. Во моментов нема смртни случаи.

Полицијата потврдила дека антитерористичките сили се испратени на терен, додава Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во продавница во Мексико - најмалку 23 лица загинаа

Пол Бристоу, градоначалник на Кембриџшир и Питерборо, го коментирал инцидентот на X.

„Слушнав извештаи за ужасни сцени во воз во Хантингдон, Кембриџшир. Полицијата на Кембриџшир е на местото на настанот и две лица се уапсени“, напишал тој.

Британскиот премиер Кир Стармер, исто така, се огласи, велејќи дека инцидентот е „длабоко загрижувачки“.

„Ужасниот инцидент со возот во близина на Хантингдон е длабоко загрижувачки. Моите мисли се со сите погодени и им се заблагодарувам на службите за итни случаи за нивниот одговор. Секој во областа треба да го следи советот на полицијата“, објави тој на X.