Намерно се палат стрништа во Табановце и липковско, пожарникарите со полни раце работа

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера имале полни раце работа, откако избил голем пожар на потегот во селата Табановце (кумановско) и Лојане (липковско), каде интервенирале во повеќе наврати.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на опожарена сува трева и стрништа во атарот на селата Лојане и Табановце со површина од околу 30 хекари.

На овој пожар интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 11:20 до 15:18 часот.

Набргу потоа пожар пак се разгорел во селата Табановце, Лојане и Ваксинце, каде гореле сува трева и стрништа. Седум пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во оваа второ разгорување на пожарот. Интервенцијата на пожарникарите траела во период од 18:05 до 22:50 часот.

Како што стои во билтенот на РУЦК, причина за избувнување на пожарите е намерно палење.

– Причина за пожарите во изминатиот период во Општина Липково како и вчера во атарот на селата Лојане и Табановце наведуваат на намерно потпалување на пожари во тој крај и истиот не известува дека крајно веќе време да се преземат мерки од СВР Куманово и Полициска станица Матејче во пронаоѓање на одговорните кои намерно ги предизвикуваат пожарите, стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Пред само четири дена беше избегната поголема катастрофа кога огнот кој гореше на потегот на овие три села се доближи до државните резерви на гориво кои се чуваат во склад на Макпетрол токму во липковските села.

Инаку, во текот на вчерашниот ден кумановските пожарникари имале уште две интервенции. И двете биле на запаллена сува трева.

Loading...

Едната била во атарот на селото Романовце каде гаснеле тројца пожарникари во период од 13:00 до 13:50 часот, а исто толку пожарникари интервенирале на запалена сува трева и во населбата Бедиње во период од 15:35 до 16:00 часот.

Никола Ивановски