Највисокиот суд на ОН ќе расправа за тужбата на Украина против Русија

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе ја сослуша тужбата на Украина против руската агресија во источна Украина, во правната постапка што треба да започне денеска.

Loading...

Украина поднесе тужба против Русија во 2017 година, долго пред актуелната војна, за поддршка на проруските бунтовници во регионот на Донбас и за угнетување на неруското население на Крим.

Судењето сега започнува во контекст на сеопфатната инвазија на Москва на Украина пред 16 месеци.

Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува сепаратистите во Донбас со оружје и пари, а со тоа ја прекршила Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот усвоена од Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

Москва ги отфрла обвинувањата.

Украина треба да биде првата што ќе презентира докази во вторник. Во четврток ќе се претстават правните претставници на Русија.

Одлуките на МСП се правно обврзувачки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...