НАЈСТАР ДИЛЕР? Во Србија уапсена 78-годишна жена со вреќи дрога

Сподели со своите пријатели

Кога полициските службеници од Единицата за интервенции од Земун дошле во блиската шума во населбата Галеника, веројатно не можеле да претпостават дека таму ќе ги пречека баба (78) опкружена со вреќи со дрога.

Loading...

Имено, покрај жената имало дигитална вага и речиси половина килограм бела материја слична на дрога.

Во вреќите, според проценката, имало околу 400 грама прашкаста материја бела боја, слична на наркотична дрога.

Полицијата веднаш ја привела жената во станицата во Земун каде ќе се одлучува каква понатамошна постапка против неа ќе се води.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силно невреме погоди делови од Хрватска