Најскапиот сладолед во светот чини 50.000 денари: Зошто е толку скап? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сладоледот „Serendipity’s Golden Opulence Sundae“ освои место во Гинисовата книга на рекорди како најскапо слатко во светот.

Loading...

Имено, како што се наведува, тој бил продаден за неверојатни 1.000 долари, што е нешто повеќе од 800 евра или 50.000 денари.

 

 

Имено, десертот, кој мора да се порача најмалку 48 часа однапред, доаѓа во комплет со три топки сладолед од ванила Тахити, покриен со 23-каратни златни лисја, како и бадеми, кавијар и златни орхидеи кои се прават осум часа, со овошје од Париз.

 

Loading...

 

Садот се служи во кристално стакло Бакарат од 350 американски долари (обложено со повеќе 23-каратни златни лисја), со 18-каратна златна лажица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Сладоледот содржи само најквалитетни состојки, вклучувајќи скапо чоколадо од Тоскана и зрна ванила увезени од Мадагаскар.

 

 

Корнетот содржи сладолед прелиен со карамелизирани пекани, тартуфи од бело чоколадо, макарони од малина, пипети исполнети со овошје и дијаманти за јадење, а исто така има и златни листови.