Најпопуларниот готвач во светот има нов специјалитет, чини „ненормално“ многу пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турскиот готвач Нусрет Гокче, попознат како Солт Бае, се прослави низ целиот свет најмногу благодарение на необичниот начин на солење месо!

Loading...

Тој остава сол да падне прво на подлактицата и полека да се тркала до месото, а тоа му донесе светска слава и планина пари.

Сега овој готвач и сопственик на синџирот луксузни ресторани Нуср-Ет, на социјалните мрежи покажа нов специјалитет – златен бифтек кој чини 805 евра, а најавата дека ќе го донесе во Велика Британија предизвика големо внимание.

Солт Ба е сопственик на луксузни ресторани ширум светот, од Абу Даби до Грција и готви за sвезди како Леонардо ди Каприо и Дејвид Бекам.

 

 

Неговиот златен додаток во садовите ќе биде претставен во Лондон на 17 мај – гостите можат да јадат во ресторани повторно истиот ден, а британските медиуми пренесуваат дека оние што сакаат да го пробаат ќе мора да го „стават под хипотека станот“ за овој специјалитет.

Loading...

Патем, Солт Бае е „тежок“ околу 50 милиони долари, но се предвидува дека со отворање ресторан во Лондон, тоа богатство ќе се помножи.

Желни за ресторанот по долго заклучување, Британците, судејќи според коментарите на мрежите, се нетрпеливи да чекаат да ја отворат торбата за да ги пробаат златните шницли подготвени од овој популарен готвач.

 

Leave a Reply