НАЈОПАСНОТО ПЛЕМЕ ВО СВЕТОТ: Живее на изолиран остров и никој не смее да им се доближи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето отсекогаш сакале да истражуваат недопрена природа и култура. Меѓутоа, постои едно племе кое живее во целосна изолација на островот Северен Сентинел во Индија, кое никој не смее да го посети ниту пак има право на тоа.

На луѓето им е забрането да му се доближат на островот и се плашат од средбата со нив, затоа што домородците, Сентинели, не се пријателски настроени кон посетителите. Оваа изолиране племе се спротивставува на сите конткти со надворешниот свет и агресивно ги напаѓа сите кои собираат храброст да им пријдат до островот.

 

Loading...

 

Посетата на оваа место не е опасна само поради непријателски настроеното племе, туку и поради тоа што неговите жители не се имуни на современите болести. Така средбата со некој надвор од островот би можела целото племе да го доведе до смрт.

Властите во Индија сакале да воспостават контакт со племето, а први и веројатно последни пријателски контакти се остварени во 1991 година со научникот Т.Н. Пандит. Тој на островот дошол со подароци во надеж дека домородците ќе го прифатат. Прв пат жителите на овој остров дочекале некого без стрела.

 

 

Меѓутоа, набргу по оваа експедиција, властите решиле да спречат други вакви мисии. Заклучиле дека племето е здраво и просперитетно без никаква интервенција на модерната цивилзација.

Она што е фасцинантно е фактот дека племето преживеало цунами во 2004. година. По цунамито, група спасувачи се упатила со хеликоптер за да му помогне на племето. Сакале да пронајдат преживани, но домородците не дозволиле. Спасителите сакале да им фрлат пакети со храна, но ги дочекале непријателски настроените припадници на племето. Еден воин излегол од густата џунгла и со стрела гаѓал кон хеликоптерот.

 

Loading...

 

Локалните луѓе, Сентинетели се директни потомци на првите луѓе кои пристигнале од Африка. Се верува дека го задржале својот начин на живот цели 55.000 години.

Сепак, племето и натаму останува мистерија – нивниот јазик и точниот број на припадници на племето остануваат непознати.

Извор: Boredpanda.com

Leave a Reply