Најновото истражување тврди – Три чаши шампањ спречуваат Алцхајмер

Сподели со своите пријатели

Да се пијат по три чаши шампањ во неделата е добро за зачувување на когнитивните способности и за спречување на Алцхајмеровата болест, тврдат британски научници.

Loading...

Откако тие докажале дека пивотот ги зголемува сексуалните перформанси, истражувачите од Ридинг Универзитетот установиле декашампањот може да го подобри нашето паметење.

Во својата студија, лии делови ги пренесуваат светските магазини, науниците истакнуваат дека пенестото вино ја штити меморијата благодарејќи на компоненти содржани во два вида на лози – пино ноар и пино менје, кои се користат за производство на шампањ.

Тие навењдуваат дека добиле импресивни резултати на тестовите кои ги спроведувале на пацови, па се надеваат дека наскоро ќе го постигнат истото и со старите лица.

Ова истражување е возбудливо затоа што по прв пат покажува дека умереното конзумирање на шампањ може да влијае на когнитивните функции како што е паметењето – изјавил професорот Џереми Спенсер за Дејли Мејл.

Па останува да видиме дали тестирањето на луѓе ќе ги даде позитивните резултати.