Најново лудило: Намерно се заразуваат со вирусот на СИДА

Сподели со своите пријатели

Маж кој доброволно се заразил со вирусот, вели дека над стотици луѓе во Велика Британија се собираат и запознаваат на разни интернет форуми, Facebook и Twitter за тоа како да се заразат.

Loading...

Подоцна тие се состануваат и се обидуваат да го пренесат опасниот по живот вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем и ја ослабнува отпорноста на организмот.

Експертите предупредуваат за најновата појава во која мажите тајно бараат или шират ХИВ вирус. Ова лоша појава се нарекува „bug chase“ (потрага за бубачка), а се појавила поради потребата на некои луѓе за сексуално возбудување низ ризично однесување.

Некои од овие луѓе тврдат дека вирусот им овозможува подобар квалитет на животот поради лековите кои поради болеста мораат да ги земаат.

  • Се чувствувам многу здраво. Полн сум со енергија и подобро ми е здравјето поради лековите. Работата на црниот дроб ми ја тестираат на три месеци, холестеролот редовно, а имам и бројни лекарски проверки поради кои веднаш знам доколку има некои промени, а се тоа на државна сметка – вели Ник.

Минатата година повеќе од 73.000 луѓе во Британија примиле третмани за ХИВ, 43% од нив се хомосексуалци или бисексуалци, што е пораст од 58% во последните 10 години.

  • Овој тренд е застрашувачки и доста неодговорен. Она што најчесто го гледаме се случаи во кои препишаниот третман не делува поради што доаѓа до брзо влошување на здравствената состојба – вели Самон Притерч од Фондацијата Елтон Џон Ајдс

Ник, кој во 2012 го добил ХИВ вирусот на онлајн сајтовите се приклучил пред две години. Вели дека во потрагата за секс, спиел со повеќе од 1000 мажи, и дека знае дека многу од нив имале ХИВ.

Кога му го откриле вирусот, тој на својoт Facebook профил напишал: „Позитивен сум на ХИВ и воодушевен сум од тоа.“

Извор: mirror.co.uk 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.