Најмоќниот Андроид телефон би можел да пристигне од Кина

Сподели со своите пријатели

Телефонот на кинеската компанија Realme би можел да го користи најмоќниот чипсет, кој Qualcomm наскоро ќе го објави.

Loading...

Пред неколку недели телефонот Vivo со чипсет MediaTek Dimensity 9000 освои над милион поени на тестот AnTuTu, по што истото го постигна и уредот со чип Qualcomm Snapdragon 8 Gen1.

Сега, уредот Realme, за кој се шпекулира дека е GT 2 Pro, стана третиот телефон што е наведен во тестот за бенчмарк AnTuTu со резултат од над милион поени.

Realme GT 2 Pro најверојатно ќе користи чипсет Snapdragon 8 Gen1, кој Qualcomm ќе го претстави само во наредниот период.

Телефонот на кинеската компанија се очекува да има и LPDDR5 RAM, UFS 3.1 простор, 6.51″ FullHD + AMOLED екран со освежување од 120 Hz и ќе користи Realme UI 3.0 базиран на Android 12.

Кога станува збор за камерите, GT 2 Pro би требало да има главен сензор од 50 MP на задната страна, со оптичка стабилизација на сликата, додека на предната страна ќе има селфи камера од 32 MP.

Realme GT 2 Pro треба да биде претставен во текот на следната година.