Најмладиот милионер во Македонија има 8 години, најстариот 96

Сподели со своите пријатели

Лице кое се родило во 2013 година е најмладиот милионер во 2020 година во Македонија и истото остварило доход 1.016.947,00 денари, а највозрасното лице кое остварило над еден милион денари приход било на возраст од 96 години со  вкупен доход од 4.570.535,00 денари.

Loading...

И кај двете лица најголемиот дел од приходот е остварен од закупнина, информираат од Управата за јавни приходи.

За календарската 2020 година Управата за јавни приходи изготви и достави пополнета Годишна  даночна пријава, за 769 794 граѓани, со искажан 331.314.631.203.469,00 денари годишен бруто –доход и  19.607.095.073,00 денари пресметан данок на личен доход.

СКОПЈАНКА НА ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА НАЈВИСОК ГОДИШЕН ДОХОД ЗА 2020 ГОДИНА

Во 2020 година Скопјанка пријавила 453.110.019,00 годишен бруто доход.

 

 

Loading...

НАЈВИСОКИ ИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ ВО 2020 ГОДИНА, СЕ ВО ДЕЈНОСТИТЕ: ИНДУСТРИЈА СО  МЕТАЛИ, ЗДРАВСТВО, АПТЕКИ И ОДГЛЕДУВАЊЕ ДОБИТОК

Највисоката годишна бруто  плата во 2020 година исплатена  е на граѓанин од Струга. Платата  е остварена во индустријата  со метали и изнесува  105.200.322,00денари.

На листата на највисоко  рангирани бруто плати се најдоа  и платите исплатени во секторот  здравство, аптеки, одгледување  на добиток,трговија со тутун и  игри на среќа.

Највисокото лично примање  изнесува 63.263.316,00 денари на  годишно ниво за извршени услуги  кон компанија за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци.

 

 

НАЈВИСОКАТА КАПИТАЛНА ДОБИВКА Е 151.630.289,00 ДЕНАРИ

Loading...

Највисоката капитална добивка 151.630.289,00 денари  остварена е од граѓанин  на Скопје од продажба на  сопственички удел, додека  највисоката исплатена  дивиденда е во износ од 306.304.450,00денари и  исплатена е на граѓанин  на Скопје кој е сопственик  на бизнис кој припаѓа на  дејностите на трговија со  автомобили и моторни  возила.

 

 

СКОПЈАНИ НА ЛИСТАТА НА НАЈВИСОК ДОХОД ОД САМОСТОЈНОТО ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ, РЕСЕН СО НАЈВИСОК ДОХОД ОД ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ

И во 2020 година од самостојното вршење на  дејност Скопјани доминираат  на листата со доход по овој  основ, од кој највисокиот  изнесува 73.575.500,00 денари.

Во 10-те топ рангирани  на листата се наоѓаат  адвокати, нотари,  извршители, угостители, електроинсталатори и  производители на амбалажи од  хартија.

Највисок доход од продажба  на земјоделски производи во износ од 32.211.004,00 денари  остварил жител на Ресен.

Loading...

 

 

НАЈВИСОКИ ЗАКУПНИНИ, АВТОРСКИ ПРАВА И ПРАВА ОД ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Во 2020 година прворангираниот според вкупно остварен бруто доход од закуп и подзакуп на имот (издавање на земјиште, станови и деловни простории, превозни средства и друг вид на имот) е од Скопје, кој пријавил 49.994.536,00 денари.

Скопјанец е и прворангиран според остварен вкупно бруто доход од авторски права и други стварни права со 15.459.790,00 денари, додека по основ на права од индустриска сопственост граѓанин на Скопје остварил бруто доход во износ од 9.277.792,00 денари.

Loading...

 

 

ИГРИ НА СРЕЌА ВО 2020

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно граѓанин од Тетово пријавен вкупен бруто доход од игри на среќа во износ 40.056.068,00.

Loading...

 

 

 

СКОПЈАНЕЦ СО НАЈВИСОКА ПЕНЗИЈА

Loading...

Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија која изнесува 5.811.143,00 денари.

 

 

 

ДОХОД ОД ОСИГУРУВАЊЕ

Loading...

Тетовчанец е прворангираниот кој по основ на уплатени премии и исплатена осигурана сума остварил доход од  6.295.318,00 денари.

 

 

ДРУГ ДОХОД

Loading...

Оваа категорија вклучува доход од различни извори како што е доходот кој не е конкретно пишан во законот за данокот на личен доход и не е изземен од оданочување како и доходот остварен од продажба на корисен цврст отпад, доходот остварен со електронска трговија преку  интернет, доходот од маркетиншки интернет услуги,  износот на не искористената финансиска помош, износот  на неискористените донирани финансиски средства, како  и кусоци  кои не се  предизвикани од вонредни настани (кражба, пожар или  други природни непогоди), кои не се на трошок на платата на  одговорното лице.

Во оваа категорија прворангирана е Скопјанка која пријавила  449.603.146,00 денари, а  второрангираниот граѓанин е од Тетово кој пријавил доход во износ од 247.711.973,00 денари.

Пријавениот доход кај двете највисоко рангирани лица е доход кој не е конкретно опишан во Законот за данок на личен доход како што  е доход од интернет услуги, мрежни и социјални платформи,  посреднички услуги и слично.