Најмалку 40 загинати во поплавите во Бразил

Сподели со своите пријатели

Во поплавите и одроните предизвикани од невремето и обилните дождови во бразилската држава Сао Паоло загинаа најмалку 40 лица, додека десетици луѓе се водат за исчезнати.

Loading...

Во крајбрежниот град Сао Себастијао ситуацијата е „исклучително критична“, изјави градоначалникот Фелипе Аугусто, пренесе Би-би-си.

Најмалку 35 лица загинаа во тој град кој беше тешко погоден од временските услови, додека седумгодишно девојче загина во градот Убатуба.

Стотици луѓе во државата Сао Паоло се раселени и евакуирани.

„За жал, ќе имаме уште многу мртви“, изјави претставник на цивилната одбрана.

Претседателот на Бразил, Лула да Силва ги посети местата погодени од поплавите и вети помош, но во исто време ја истакна важноста да не се градат куќи на места кои се подложни на поплави и одрони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Карневалските прослави се откажани во многу крајбрежни градови на оваа бразилска држава.

Се очекува во наредните денови на ова подрачје да врне повеќе дожд, што дополнително ќе ја отежне работата на спасувачките екипи, јавува Танјуг.

Loading...