Најмалку 36 загинати во лизгање на земјиште во Перу (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 36 лица загинаа во лизгање на земјиштето во неколку села во јужниот дел на Перу, соопштија перуанските власти.

Loading...

Службеникот за цивилна одбрана Вилсон Гутиерез, кој е доделен во општината Маријано Николас Валсарсел во провинцијата Камана, изјави за локалното радио RPP дека 36 тела биле пронајдени во областа наречена Миски.

Меѓу загинатите има и пет лица кои се возеле во комбе кое калта го турнала во водата.

Локалните власти побараа тешка механизација за расчистување на шутот што блокираше трикилометарски дел од важниот пат, пренесе АП.

Претставниците на цивилната одбрана процениле дека 630 куќи не се безбедни за живеење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година

Одроните поместија мостови, канали и патишта.

 

Loading...