Најмалку 13 загинати во судир на камион и патничко комбе во Мексико

Сподели со своите пријатели

Вчера во Мексико најмалку 13 лица загинаа кога патничко комбе и камион се судрија на автопат, соопштија локалните власти.

Loading...

Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Хидалго во пограничната држава Тамаулипас, пишува Франс прес.

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион.

Бројот на жртви може да се зголеми, соопшти државното обвинителство, бидејќи има индиции дека загинал и возачот на камионот и дека во моментот на несреќата со него било и неговото семејство.

Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот животот го загубиле 20 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Според медиумите, во комбето имало членови на едно семејство кои го ангажирале за да стигнат до градот Монтереј во Веракруз.

Во последниве години, во Мексико има се повеќе сообраќајни несреќи; најчеста причина е преголемата брзина при возење, лошите услови или заморот на возачот.